Пентагон ѝ испраќа на Украина нов пакет оружје, откриено колку чини

од Stefanija Kuzmanovska

Пентагон ќе ѝ испрати на Украина нов пакет со оружје и друга помош во вредност од 275 милиони долари во обид да ги зајакне напорите за протерување на руските сили од клучните области во јужна Украина, изјавија неименувани американски претставници, пренесува АП.

Официјалните лица, кои побараа да останат анонимни бидејќи деталите за пакетот помош не се очекува да бидат објавени до денес, рекоа дека тој не вклучува поголемо ново оружје, туку главно се однесува на надополнување на резервите на муниција за вооружените системи веќе во Украина, вклучително и ракетните системи HIMARS.

Вклучувајќи ги новите 275 милиони долари, САД испратија речиси 18 милијарди долари помош за оружје и друга опрема за Украина од почетокот на војната со Русија на 24 февруари.

Слични содржини