Пензионери излегоа на протест пред Собрание, не се задоволни од антикризните мерки

од Nikola Popovski

Пензионерите денеска повторно излегоа на протест, овој пат пред Собранието. Како што порачаа се одлучиле на ваков чекор, поради незадоволство од антикризните мерки. Истакнаа дека изгубиле доверба во Владата, па сега решение бараат од пратениците.

Пензионерите не отстапуваат од барањето за 5.000 денари линерано покачување за секој пензионер и минимална пензија од 18.000 денари.

Сметаат дека Владата со антикризните мерки во кои се вклучени и пензионерите само сакала да ги поткупи пред избори, но тоа немало да се случи.

Како поддршка на протестот, обраќања имаа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски и пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Според најновиот пакет антикризни мерки, во наредните пет месеци, пензионерите со пензија до 14 илјади денари, ќе добијат помош од 3.000 денари месечно. За оние со пензија од 14 до 16 илјади се предвидени по 2.000 денари месечна помош, додека оние кои имаат пензии од 16 до 19 илјади денари, ќе имаат финансиска поддршка од 1.500 денари.

 

Слични содржини