Перез: И на возачите заболени од коронавирусот да им се дозволи да се тркаат во Ф1

од Milan1

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, се заложи да им биде дозволен настап на трките во Формула 1 и на возачите кои се заразени со коронавирусот, доколку нивните симптоми не се сериозни.

Перез, кој во 2020 година пропушти две трки поради коронавирусот, изјави оти во одредени ситуации треба да се направат исклучоци од генералното правило.

„Во иднина би требало да разговараме за тоа дали да им дозволиме на возачите да се тркаат, доколку нивните симптоми се благи. Возачите би можеле самите да проценат, но мислам дека има смисла да се разговара за тоа“, изјави Перез.

Четирикратниот светски првак Себастијан Фетел од Астон Мартин во моментов е позитивен на Ковид-19 и поради тоа ќе ја пропушти првата трка од новата сезона која в недела ќе се вози за Големата награда на Бахреин.

Слични содржини