Пет намирници кои треба да ги јадете за појадок за да ослабете

од Stefanija Kuzmanovska

Утрото треба да започне со хранлив појадок, така што вашето тело ќе има доволно енергија за обврските што ве чекаат тој ден. Прескокнувањето на појадокот не е добра идеја затоа што ќе ви недостасуваат хранливи материи поради тоа, па може да се чувствувате летаргично, поспано и сето ова може да влијае на нивото на шеќер во крвта.

Појадокот богат со хранливи материи има позитивно влијание врз концентрацијата, холестеролот и може да ја намали шансата за развој на дијабетес. Покрај тоа, вистинскиот избор на храна за појадок може да ви помогне да изгубите тежина.

Овие пет намирници треба да ги јадете за појадок ако сакате да ослабете:

Јајца
Јајцата се богати со протеини, витамини и минерали, и можат да го намалат апетитот што може значително да ви помогне да изгубите тежина. Јајцата се идеална храна за сите луѓе кои сакаат да ослабат. Покрај тоа што се вкусни, можете да подготвувате јајца на различни начини, а исто така можете да додадете и малку зеленчук во нив.

Житарици
Житариците се здрав и вкусен избор, содржат малку калории, но се исклучително богати со растителни влакна и протеини кои помагаат во контролата на тежината. Токму поради ниската содржина на калории, житарките ќе ја намалат желбата за храна, ќе го забават варењето и ќе се чувствувате сити подолго време.

Грчки јогурт и овошје
Ова е идеална комбинација за слабеење. Грчкиот јогурт содржи значително повеќе протеини од обичниот јогурт, но и двојно повеќе јаглехидрати. Можете да додадете јагоди, брусница или некои други бобинки во јогуртот за дополнително чувство на сладост. За да го направите грчкиот јогурт уште повкусен, можете да додадете парчиња банана.

Смути
Смутито содржи голем број на хранливи материи кои помагаат при слабеење. Покрај овошјето и зеленчукот, во смутито можете да додадете и чиа семе, кои се исклучително богати со протеини.

Авокадо
Авокадото е една од суперхраната која е идеална за консумирање за појадок. Можете исто така да додадете домати, лук, бибер и сол. Оваа комбинација ве одржува сити долго време и ја намалува желбата за дополнителна храна помеѓу оброците. Покрај тоа, овие здрави масти, исто така, го намалуваат холестеролот, како и ризикот од развој на срцеви заболувања.

Слични содржини