Пет правила кои Елон Маск ги следи во воспитувањето на децата

од Vladimir Zorba

Елон Маск е име кое крева многу прашина. Најмногу се зборува за неговите деловни одлуки, достигнувања и пари, но голем интерес предизвикува и неговиот семеен живот.

Кога пред неколку години го нарече своето дете X Æ A-Xii, целиот свет зборуваше само за тоа, а тогаш јавноста беше изненадена од веста дека Елон стана татко на близнаци со својата колешка од Неуралинк, па сега е официјално татко на девет деца.

Како и повеќето родители, Маск исто така следи одредени правила кога станува збор за воспитувањето на децата.

Ова се принципите до кои се придржува:

Онлајн учење

Неговиот пристап кон образованието е многу неконвенционален. Претходната година, тој во едно интервју рече дека верува дека неговите деца научиле повеќе на Интернет отколку на кое било друго место.

„Мислам дека моите деца најмногу се образуваа на YouTube и Reddit. Секако, имаа часови на училиште, но судејќи според времето што го поминуваат на интернет, мислам дека од таму им доаѓа најголем дел од знаењето“, вели тој.

Маск е отворен критичар на традиционалното образование. Во една прилика изјави дека факултетот е само еден куп здодевни домашни задачи, а познато е и дека не бара факултет од кандидатите за работа во Tesla.

„Мислам дека колеџите се места каде што луѓето се забавуваат и покажуваат дека можат да завршат некои задачи, но тие сигурно не се места каде што учат нешто“, рече Маск на конференција во 2020 година.

Повеќе книги, помалку видео игри

Детската љубов на Елон кон видео игрите му помогна да развие страст за програмирање, што му послужи добро во неговата кариера. Не е изненадување што и неговите деца се големи ентузијасти за оваа форма на забава. Иако извршниот директор на Tesla им дозволува на децата да го изберат своето хоби, тој има едно строго правило кога станува збор за видео игрите.

Маск во едно интервју рече дека неговите деца треба да поминуваат двојно повеќе време на читање книги отколку на видео игри. На овој начин, тој не го ограничува времето што го поминуваат играјќи игри, но сепак се погрижува да прават други работи во исто време. Елон вели дека дошол до ова правило за да избегне да создаде зависност од разни електронски уреди кај неговите деца.

Тешките искуства се важни за успех

Маск верува дека неговите деца мора да се соочат со тешкотии за да станат успешни. Лесно е да се заборави со оглед на неговиот моментален статус, но милијардерот се соочил со многу предизвици за време на неговото детство. До својата петнаесетта година бил малтретиран на училиште, а на седумнаесет години се преселил од родната Јужна Африка во Канада без поддршка од родителите.

Иако овој период од животот го опишува како тежок, Маск верува дека благодарение на лекциите што ги научил тогаш, тој е она што е денес. Поради оваа причина, тој не сака неговите деца да доживеат барем некои разочарувања и лични порази во текот на нивното растење, бидејќи само така можат да се подготват за животот.

Свеста за здравјето

Маск поттикнува здрава исхрана и здрав живот во неговото домаќинство. Дадилката која некогаш се грижела за неговите тројки открила во видео на TikTok дека децата на милијардерот се многу здрави.

„Овие деца се толку мали, но веќе се грижат за своето здравје како возрасните. Очекував да сакаат брза храна или друга нездрава храна, но тие секогаш предлагаа да јадеме здрава храна за вечера“, рече таа.

Дадилката открила и дека децата многу добро се однесувале, па претпоставува дека бонтонот е важен и во семејството на Маск.

Активна улога на таткото само кога детето ќе порасне

Во 2020 година, Маск откри дека не игра голема улога во воспитувањето на своите деца кога се многу мали. На раѓањето на неговиот син X Æ A-Xii, тој рече: „Не можам да направам многу во моментов. Грајмс има многу поголема улога отколку јас во моментов. Кога бебето ќе порасне, ќе има повеќе работа за мене“.

Потоа рече дека во случајот со другите негови деца, ги оставил нивните мајки и дадилки да се грижат за нив во првите фази од нивниот развој, а дури подоцна активно се вклучил во нивното воспитување.

Слични содржини