Петков наместо Радев во Брисел на Советот на ЕУ

од Берта Китинска

Кирил Петков, кој се очекува утре да биде избран за нов бугарски премиер, ќе го замени претседателот Румен Радев како претставник на земјата на последиот за оваа година европски совет во Брисел в четврток  на 16 декември, објави „24 Часа“.

Лидерот на „Продолжуваме со промените“ и најверојатно нов премиер на Бугарија од утре,сакал тој да присуствува на европскиот совет и да преговара со другите европски лидери. Тоа ќе биде негово прво учество на самитот на ЕУ, каде ќе биде со новиот германски канцелар Олаф Шолц.

Новиот премиер за политиката на Бугарија кон Република Северна Македонија, рече:

„Ние и РСМ имаме многу да добиеме со заедничка одлука. Бугарската позиција останува таква каква што е, но ние сакаме да ја надградиме. Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, сакаме да седиме во тимови и да одиме кон добрососедство, но ќе ги браниме  и нашите национални интереси“.

Слични содржини