Петков: Време е да се вратиме на попозитивните активности со С.Македонија

од Vladimir Zorba

„Важно е да не се остави перспективата на односите меѓу двете земји само на темата каков инцидент се случил. Во исто време, додека се работи против говорот на омразата, мора да се отворат и други теми – инфраструктура, економија, за да ни односите можат да имаат и позитивен карактер“.

Ова го изјави поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков пред БНР.

Во моментов е оставено на некои луѓе, според него, „кои се многу гласни да го дефинираат дијалогот меѓу двете страни“.

„Време е да се вратиме на попозитивните активности, а од друга страна на рамката што ја даде нашата влада – Европа да биде земјата која турка да се исчисти говорот на омразата“, смета тој.

Според неговите зборови, на земјава мора да и се каже дека условите ги поставува ЕУ и нема друг избор освен да почне да работи на позитивни теми со Бугарија и да го исчисти говорот на омразата доколку сака да има европска иднина.

„Овој тип на дијалог сега е возможен затоа што за време на нашата влада успеавме да ја добиеме Европа на наша страна“, додаде Петков.

Слични содржини