Петковиќ: Курти продолжува со теророт врз српскиот народ на Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, денеска изјави дека со вчерашното апсење на Лазар Јаниќијевиќ, премиерот на Косово Албин Курти продолжил со својот терор врз српскиот народ на Косово.

Петковиќ на прес-конференцијата рече дека вчера додека граѓаните на Косово сакале да се простат од својот сограѓанин Стефан Недељковиќ во Врњачка Бања, косовската полиција го уапсила Лазар Јаниќијевиќ.

„Беше запрен на преминот Јариње, додека во конвојот кој сакаше да вози до Врњачка Бања и да се прости со Стефан Недељковиќ, брутално беше уапсен, изваден од автомобилот и одведен во правец на Приштина“, изјави Петковиќ.

Тој додаде дека ден пред тоа специјалната косовска полиција претепала тројца државјани од српска националност кои оделе во шума да собираат дрва.

Петковиќ денеска изјави дека Канцеларијата за Косово заедно со Владата на Србија ќе продолжи да се бори за зачувување на таа слобода, но пред се мир за српскиот народ на Косово, бидејќи како што истакна, „ако нема такво нешто , иселувањето ќе продолжи, Курти ќе си ја постигне целта“.

„Гледате како изгледа кога со долги цевки провалуваат во болници, кога ги запираат луѓето на улица. Денови по 24 септември упаднаа во куќи во Бањска и други места и малтретираа луѓе“, рече Петковиќ.

Тој оцени дека е очигледно дека српскиот народ на Косово повеќе не може да го издржи теророт на Курти.

„Србите кои ја напуштија областа на Косово и Босна и Херцеговина, првенствено се загрижени за своите семејства. Некои заминаа, а цели семејства се иселија. На некои места, само членовите на семејството се иселија. Тие планираат да го земат целото семејство со нив во одреден момент“, рече Петковиќ и додаде дека Владата ќе се бори за да опстанат Србите на Косово.

Слични содржини