Петковски: Мијалков како најмоќна фигура во државата не успеа да направи за себе добра шема за бегство

од Берта Китинска

Направивме голема грешка како систем со бегството на Груевски и се виде кој затаил во тој ланец, изјави политичарот  Тито Петковски во емисијата „Само Вистина“.

-Ќе звучи малку цинично, но мене ме разочара Сашо Мијалков бидејќи тој како најмоќна фигура во државата направи „прекрасна“ операција на транспорт преку мафијашки кругови на својот братучед, а  самиот не можеше да направи за себе добра шема за да се заштити.Не може човекот да го испратите до Будимпешта и никој да не е замешан во тој настан. Знаете ли што значи да се раководи 10 години со УБК, тој имал врски и со ЦИА,МОСАТ… и да не успее за себе да обезбеди траса, време и простор за имотот и на крајот да биде во ситуација да се извини на јавност што не успеал да избега, вели Петковски .

На обвинувањата дека бегството е договор на власта и Мијалков, Петковски сметам дека оваа влада нема таква дарба за да искреира ваков трилер.

Слични содржини