Петличковски: Бројките се многу добри, но се уште е рано да кажеме кога ќе ставиме крај на епидемијата

од Берта Китинска

Бројките се многу добри, одлични, но мислам дека е сѐ уште рано да предвидуваме и да претпоставуваме кога точно ќе заврши пандемијата бидејќи и лани во летото имавме олабавување на притисокот, но после на есен се врати пандемијата со нов посилен бран. Секако дека таков силен бран не можеме да очекуваме, нема место за такво нешто. Меѓутоа, исто така мислам дека е рано да предвидуваме кога точно епидемијата ќе ни заврши, вели Петличковски во гостувањето во Дневникот на Сител.

Рече дека мал дел од заслугата за ваквите бројки отпаѓа на бројот на имунизирани и прележани пациенти со вирусот Ковид-19, но појаснува дека можеби летото не му дозволува на вирусот толку да се шири.

-Можеби има уште нешто во биологијата на вирусот кое го прави да стигнеме од такви драстрични страшни бројки, со десетици мртви на три вкупно новодијагностицирани случаи и николку во болниците. Тоа е микс од разни околности кои не носат во оваа одлична состојба во овој момент, рече Петличковски, додавајќи дека за ставање на крај на епидемијата треба да биде имунизирано над 80-85 отсто од населението.

Слични содржини