Петров: Петте пакети со економски мерки вредат милијарда евра

од Берта Китинска

Вредноста на пакетите е една милијарда евра, секој пакет има по стотици милиони. Некои од мерките се директно од буџетот, некои предизвикуваат буџетски импликации, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, во Анлиза 24 на ТВ 24, зборувајќи за големиот број владини мерки кои се преземаат за закрепнување на економијата.

– Направивме ослободување на кредитна линија, воведовме царинска гаранција од три милиони евра, намалување на царински давачки, ставање во мирување на Законот за извршување, ослободување од ДДВ за донации, намалување на ДДВ во угостителски услуги. Со буџетски сдства, само Ковид 1 имаше седум милиони евра, имавме 80 милиони евра за поддршка на плати, а беа опфатени преку 46 000 вработени. Субвенционирање на придонеси април мај и јуни, 26 милиони евра имаше за купувам домашно, финансиска помоша за конкуретност, за социјални ранливи 24 милиони евра, за берачите на грозје седум милиони евра, 1,3 милиони евра за туристичките агенции. Иако ова се бројки, сепак 120 000 работници се помогнати, со Ковид 1 се опфатени 737 компании, со Ковид 2 – 639 компании, со Ковид 3 имаме 1 100 апликации“, изјави Петров.

loading...

Слични содржини