Петровска: Оставката на Заев е одложена, додека не се стабилзира парламентарното мнозинство

од Берта Китинска

Највите за зголемувањето на мнозинството беа најавени и пред и по изборите, но свесни сме што се случи. Нe мислам дека  оставката на Заев е некакво изненадување затоа што таа  беше најавен, вели  Славјанка Петровска од СДСМ во емисијата 24 анализа.

-Повлекување од неговата оставка нема,  она што вчера беше заклучено на Централниот одбор  е поврзан со светските текови и домашната политика ние како партија кажавме дека таа оставка треба да биде одложена додека  не се стабилзира парламентарното мнозинство, објасни Петровска.

Таа рече дека треба да се почека утрешниот исход од седницата кој ќе има мнозинство, а вечерашната средба на Заев со коалиционите партнери била на информирање на она што вчера се случувало на централниот и извршниот одбор.

– Очекуваме дека сите оние прогресивни сили кои го препознаат она што се случуваше во изминатиот период и сите позитивни исчекори кои беа направени, ќе го верификуваат и ќе го дадат својот глас. Граѓаните треба сами да оценат во текот на седницата. Изминатиот период имаше многу шпекулации од опозицијата за мнозинството и се покажа како неуспешен обид. Поднесоа иницијатива во чудни околности, но ќе почекаме до утре, рече Петровска.

Слични содржини