Пиоли закажа итен состанок со играчите на Милан

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли закажа итен состанок со неговите фудбалери по поразот од Специја, објавија италијанските медиуми.

Специја победи во саботата со 2: 0 и му помогна на Интер да го прескокне Милан на табелата во Серија А.

Фудбалерите на Милан во четврток го очекуваат првиот натпревар од шеснаесетина финалето во Лигата на Европа против Црвена звезда во Белград, а потоа и дербито против Интер.

Според „Кориере дела Сера“, Пиоли не бил задоволен од пристапот на неговиот тим на мечот против Специја и свикал состанок за да се осигура дека тоа нема да се повтори.

Натпреварот Црвена звезда – Милан се игра во четврток од 18:55 часот на стадионот „Рајко Митиќ“.

Слични содржини