Пјаниќ се заканува дека ќе престане да игра за БиХ

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерите на Босна и Херцеговина во последно време бележат лоши резултати и тоа беше причината да се огласи еден од нивните најпопуларни играчи, Миралем Пјаниќ.

Тој се закани дека ќе ја напушти репрезентацијата доколку итно не се реши ситуацијата во националниот тим и фудбалот во БиХ.

Пјаниќ одигра 97 натпревари за „змејовите“, а популарната „стотка“ се приближува, но тој вели дека воопшто не размислува за тоа.

„Актуелната состојба во репрезентацијата на Босна и Херцеговина е многу тешка, а резултатите недостасуваат. Не покажавме што е потребно. Точно е дека ние не припаѓаме во „А“ Лигата на нации по квалитет и далеку сме од другите тимови. Нема организација и структура “, рече Пјаниќ.

Тој директно не го обвини тренерот Душко Бејевиќ, кој наиде на многу проблеми по преземањето на кормилото. Пјаниќ предупредува дека лошата состојба не смее да се толерира.

„Знам како одат работите во странство. Знам како организираните клубови го прават тоа, колку е сериозно. Многу е тешко за мене да се помирам со тоа“, додаде играчот на Барселона.

Слични содржини