По обдукцијата и официјално познато од што починал Џеј

од Vladimir Zorba

На легендарниот пејач Џеј Рамадановски, кој почина на 6 декември на 56-годишна возраст во неговиот стан во Дорчол, му откажало срцето, покажаа резултатите од обдукцијата.

Според локалните медиуми, постарата ќерка на Џеј, Ана Рамадановски, утрово во Институтот за судска медицина и бил соопштен извештајот, а таа ќе добие официјални резултати за два до три месеци поради целокупната состојба со коронавирусот.

– Утрово, Ана и нејзината семејна пријателка Андријана отидоа на покана да добијат информации за обдукцијата на Џеј. Поради намаленото работно време и воведените смени, таа ќе добие писмен доказ во наредниот период. Во разговор со докторот, Ана открила дека на Џеј дефинитивно му откажало срцето за време на спиење – рекол изворот, цитиран од „Блиц“.

Ова го потврди и блиската пријателка и портпаролка на Џеј, Андријана.

– Тоа е точно. Семејството ќе ги добие наодите од обдукцијата за два или три месеци. Ќерката на Џеј, Ана и мене утрово ни рекоа дека тој починал од срце, како што очекувавме, односно истото што ни го соопшти тимот за брза помош – рече Андријана.

Џеј Рамадановски ќе биде погребан во петок, на 11 декември, во 14:30 часот, во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, по муслиманските обичаи.

Слични содржини