По средбата на Заев со Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура

од Vladimir Zorba

По средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за култура Асаф Адеми ќе се знае дали ќе се поништи дел од конкурсот на Министерството за култура кој наиде на реакции во изминатите денови.

Средбата, како што денеска изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, најверојатно ќе се реализира в петок.

– По враќање од службен пат, министерот Адеми ќе има средба со премиерот Зоран Заев и по тој состанок ќе се знаат понатамошните чекори. Дали ќе има поништување на дел од конкурсот, ќе се знае по работниот состанок, истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференцијата во Владата на Република Северна Македонија.

Слични содржини