„Поблагата“ верзија на Спутник V ја намалува можноста за инфекција за 60 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

„Поблагата“ верзија на Спутник V (Sputnik-light) против ковид-19, која се дава во единечна доза, ја намалува можноста за инфекција за 50, дури и 60 отсто, изјави Александар Гинцбург, директор на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и Микробиологија Гамалеја кој ја разви вакцината.

„Постои лајт варијанта, која е прва компонента на вакцината Спутник V. Ако се користи одделно, без примање на втора доза, може да ја намали зачестеноста на оваа инфекција за 50 отсто, или дури и за 60 отсто“, рече Гинцбург за телевизијата Русија-1.

Испитувањата на поблагата верзија на вакцината Спутник V, која се дава во единечна доза, започнаа во Москва на 27 февруари, а барањето за нејзина регистрација беше поднесено на 29 март.

Спутник V, која се дава во две дози, останува главна вакцина.

Слични содржини