Почина 14 – годишен фудбалер на Атлетико Мадрид

од Vladimir Zorba

Почина нашиот 14 – годишен фудбалер, Кристијан Минчола, објави Атлетико Мадрид.

„Шокирани сме од оваа тажна вест за смртта на нашиот млад фудбалер и длабоко жалиме за неговата загуба. Атлетико Мадрид и и целото наше семејство ќе биде со семејството на Кристијан во овие моменти на неизмерна болка“, рече претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо.

Мигел Анхел Гил, спортски директор на Атлетико Мадрид, најави дека знамињата на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе бидат спуштени на половина копје во чест на починатото момче.

Од клубот не ги наведоа причините за смртта на 14 – годишниот Кристијан.

Слични содржини