Почина возач на Брза помош од ковид, претходно ги загубил сопругата и мајка си

од Milan1

Четириесет и шестгодишнио возач на Брза помош Д.М. од Белград денеска починал по компликации предизвикани од коронавирусот.

Како што пренесуваат српските медиуми, уште неколку членови на потесното семејство на починатиот Д.М. имале корона и починале. Неговата мајка и сопругата починале во разлика од седум дена. Таткото на починатиот возач се уште е во болница.

Починатиот возач и неговата сопруга оставија две деца.

На денот на смртта на мајката, 16-годишниот син бил пренесен на педијатрија.

Слични содржини