Починаа 24 лица од корона, деветмина биле целосно вакцинирани

од Nikola Popovski

Денешниот ковид-биланс покажа 20 починати лица од ковид-19 во последното деноноќие. Седум починати лица се од Скопје (58г, 70г, 70г, 74г, 76г, 82г и 87г), 2 починати лица од Битола (77г и 81г) и по едно починато лице од Велес (59г), Гевгелија (81г), Кавадарци (64г), Куманово (66г), Неготино (63г), Охрид (57г), Ресен (82г), Свети Николе (73г), Струга (68г), Тетово (66г) и Штип (66г).

Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 – 01.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=24),  9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.

Слични содржини