Под строго пропишани протоколи градинките ги отворија вратите, некој ќе почнат од 14 септември!

од Берта Китинска

Градинките денеска  под строго пропишани протоколи вршеа прием и престој на децата.

Со лекарска потврда дека детето е здраво,измерена температура и дезинфекција раце дечињата може да влезат во градинките.Но, сепак некои градинки не беа подготвени да ги отворат вратите за најмалите.

Објектот “Расадник” вратите за најмалите ќе ги отвори на 14 септември.

„Со најавата на Владата за отворање на градинките и започнување со работа од 09.09. (среда), градинките на територијата на општина Кисела Вода се целосно подготвени за згрижување на децата. Поради целосно реновирање на објектот “Расадник” и подобрување на условите за прием и згрижување на деца од предучилишна возраст, во завршна фаза е обновувањето на подот (стружење и лакирање) и целосно уредување на просториите согласно здравствените протоколи. Во таа насока, почнувањето со работа на овој објект ќе започне на 14.09.2020 (понеделник), со што на нашите најмали сограѓани ќе им се овозможат квалитетни услови за згрижување“, соопштија од општина Кисела Вода.

Сите вработени се со маски а во групите е дозволено најмногу 6 деца во помалите и максимум 15 во поголемите групи согласно протоколите од Комисијата за заразни болести.

Слични содржини