„Поддржувачите го нападнаа Конгресот на своја рака, не заради Трамп“

од Stefanija Kuzmanovska

Адвокатите на Доналд Трамп тврдат дека приврзаниците на поранешниот претседател на САД своеволно го нападнале Конгресот на 6 јануари, а не по наредба на Трамп, покажуваат документите објавени во понеделникот.

Судењето на Трамп во американскиот Сенат започнува во вторник откако минатиот месец тој беше отповикан по втор пат од Претставничкиот дом.

Тој беше обвинет за „поттикнување бунт“ додека им се обраќаше на приврзаниците во Вашингтон. Трамп рече дека нема да сведочи.

Пет лица, меѓу кои и еден полицаец, беа убиени во нападот на приврзаниците на Трамп врз Конгресот, а политичарите и вработените беа принудени да се кријат.

Адвокатите на поранешниот претседател во поднесокот тврдат дека документите на ФБИ откриваат дека бунтот бил планиран неколку дена порано, што значи дека Трамп не можел да ја поттикне толпата на насилство на 6 јануари.

Еден ден пред судењето во Сенатот, тимот на поранешниот претседател на Републиканската партија ги нападна демократите и повторно ја доведе во прашање уставноста на целата постапка.

Адвокатите сметаат дека нема основа за досега невидено второ судење на еден претседател.

Судскиот процес е „дрзок политички чин“ на Демократската партија со цел да се „замолчи политичкиот противник“, стои во поднесокот.

Слични содржини