Исече рокот за потврдување на кандидатските листи

од desk4

 

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани за медимите изјави дека подносителите на листи кои веќе се потврдени не смеат да организираат јавни собирања и други јавни настани кои се организираат од страна на учесникот на изборната кампања.

-Не смеат јавно да исткануваат плакати, видеопрезентации на јавни месте, не смеат да имаат изоборно – медиумско и интернет претставување како и дистрибуирањето на печатени матерјали е забрането, особено оние кои во себе содржат претставување на самите кандидати и нвте програми, информира  Шабани.

Забрана има и за актуелните локални, но и за централната власт.

-Не смеат да почнат изградба со државни пари на патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта, градинки и друго ако претходно за тоа не се обезбедени пари во буџетот. Забрана има и за вонредни исплати на плати, пензии, социјална помош. Забранети се и нови вработувања, а тие постапки кои се почнати се ставаат во мирување, но и за откази. Не смеат да се користат службени возила и државни канцеларии за изборни цели. По приговорите постапува Антикорупциска и треба да одлучи во рок не подолг од пет дена, рече Шабани.

Слични содржини