Погба продолжува со тренинзите следната недела

од Aleksandar Petrovski

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе се врати на тренинзите на почетокот на следната недела, пренесува „Екип“.

Дваесет и шест-годишниот Французин ќе се обиде да биде на линија за 29-то коло од Премиер лигата против Манчестер Сити на 8 март. Сепак, најверојатен датум за играчот да се врати на теренот е 15 март, за натпреварот од 30-то коло со Тотенхем.

Во сезоната 2019/20, Погба забележа 7 натпревари во Премиер лигата во кои оствари две асистенции. Во поголемиот дел од сезоната, Французинот третираше повреда на глуждот, а во јануари беше подложен на операција.

Слични содржини