Покрената нова кривична постапка против Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка против лидерот на опозицијата Алексеј Навални за создавање на невладина организација што ги крши човековите права, изјави за ТАСС безбедносен извор.

– Против Навални е покрената нова кривична постапка според член 239 од Рускиот кривичен законик (создавање на непрофитна организација со која се кршат идентитетот и човековите права) – се наведува во обвинението.

Неименуван извор додава дека за ова дело се обвинети уште две лица, Леонид Волков и Иван Жданов.

Навални, главниот критичар на Кремљ, издржува затворска казна во траење од две и пол години за кршење на условната слобода.

Слични содржини