Полициска акција во тетовско: Пронајдена дрога и странски државјанки, неиздавале фискални сметки

од Nikola Popovski

На 17.09.2023 во 01.10 часот, согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ЕБР во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд извршија акциска контрола во угостителски објект во Жеровјане, општина Боговиње.

При контролата затекнати се четири странски државјанки (од Србија, Украина, Молдавија и Албанија) како и 55 гости, меѓу кои и двајца малолетници.  На подот во објектот пронајдена е паковка со прашкаста материја.

Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки, а од страна на ДИТ лица кои непријавени вршат работни активности. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини