Полицајци спречија обид за самоубиство во Куманово (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

За влакно беше избегната трагедија во Куманово. Според објавата на социјалните мрежи, полицајци спасиле девојка која сакала да скокне од покрив на зграда во Куманово.

На видеото снимено од минувач, се гледа како девојката се држи за работ од покривот на зградата, која е дел од затворената фабрика „Житомел“ во градот. За среќа, веднаш пристапил еден од полицајците, кој успеа да ја задржи, а потоа му помогна и неговиот колега.

-Пред два дена по добиена пријава во 11.40 часот дека едно лице се обидува да скокне, полициски службеници излегле на местото и го спречиле лицето во намерата, по што било предадено на Итна медицинска помош, информираат од СВР Куманово.

Слични содржини