Полска: Го ископал трупот на мајка си, го мумифицирал и го чувал 13 години во домот

од Stefanija Kuzmanovska

Маж од полскиот град Радлин (76) го чувал мумифицираното тело на својата мајка на каучот пред телевизорот. Полицијата дошла врз основа на дојава од шурата на мажот, а Мариан Л. сега е обвинет дека го ископал телото на својата мајка од гробот и го донел дома, пишува „Дејли Мејл“.

„Добивме дојава за откривање на тело од член на семејството на сопственикот на станот. Полицијата отиде на улицата Рогозина во Радлин. Во дел од куќата кој му припаѓа на постар маж е откриен мумифициран труп“, изјави портпаролката на полицијата Малгоржата Кониарска.

Полицијата под телото на жената пронашла весник од 2009 година.

„Според содржината на ДНК, мумифицираното тело припаѓа на жена, Јадвига Л., која почина во јануари 2010 година, мајка на Мариан. Откриено е дека гробот на Јадвига Л., во кој била погребана на 16 јануари 2010 година, е празен. Веројатно мажот го ископал телото на мајката веднаш по погребот, а потоа го мумифицирал, а телото останало во оваа куќа од 2010 година“, изјави Јоана Сморчевска од Окружното обвинителство.

Телото било совршено сочувано, а не се знае какви хемикалии користел Мариан за мумифицирање на трупот.

Мариан живее на само 300 метри од гробиштата каде што била погребана неговата мајка.

Слични содржини