Помалку пари за кралското семејство, најави британската влада

од Stefanija Kuzmanovska

Британската влада денеска објави дека ќе го намали уделот на парите кои следната година ќе бидат наменети за кралското семејство, откако кралот Чарлс рече дека сака профитот од ветерните електрани да оди за „поширокото јавно добро“.

Министерството за финансии соопшти дека кралскиот грант ќе биде намален на 12 отсто од профитот од кралските имоти следната година, што значи дека ќе остане на 86,3 милиони фунти, но ќе биде 24 милиони фунти помалку отколку ако стапката не се променеше, објави „Ројтерс“.

Секоја година, членовите на кралското семејство добиваат пари од „кралски грант“ за покривање на трошоците за водење на нивните домаќинства и за официјални патни трошоци, кои се засноваат на вишокот приход на кралските имоти, имотно портфолио што припаѓа на монархијата, но е независно управувано, додека неговиот профит оди во националната каса.

Кралскиот грант, кој минатата година изнесуваше 86,3 милиони фунти, вообичаено се заснова на 15 отсто од профитот од кралските имоти, но привремено е зголемен на 25 отсто поради обемните работи за реновирање во Бакингемската палата.

Слични содржини