Помош од по 1.000 денари во наредните три месеци за 36.000 домаќинства

од Берта Китинска

36.000 домаќинства во март, април и мај со исплатата на надоместокот во јуни ќе добијат дополнителни 1.000 денари или вкупно 3.000 денари повеќе во семејниот буџет, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во вечерашното гостување во вестите на Телевизија 24, посочувајќи дека пакетот од 26 мерки што го донесе Владата, покажува грижа за сите граѓани и за компаниите, но дека мерките се со посебен акцент за помош на најранливата категорија на граѓани.

Таа посочи дека од антикризниот пакет кој изнесува 400 милиони евра, за мерката финансиска поддршка за примателите на гарантираната минимална помош по 1.000 денари во наредните три месеци, ќе бидат одвоени околу сто и десет милиони денари.

„Со овие средства дополнително им помагаме на примателите на гарантираната минимална помош, да ги ублажат последиците од кризата, бидејќи бидејќи ќе им помогнат при купувањето на основните прехранбени производи. Ние како Владата овозможивме примателите на ГМП наместо да примаат по 1.000 денари само во грејната сезона, оваа помош сега да ја примаат 12 месеци,“ рече министерката Тренчевска.

Слични содржини