Помошта за Украина не треба да штети на буџетот на ЕУ, вели Орбан

од Vladimir Zorba

Помошта за Украина во борбата против рускиот напад не треба да му наштети на буџетот на Европската унија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија се противи на намерата да се насочат 50 милијарди евра од буџетот на ЕУ за помош на Киев и обезбедување пари за други задачи, како што е борбата против илегалната миграција, објави Ројтерс.

Лидерите на ЕУ ќе се состанат на 1 февруари на самит за да разговараат за ова прашање.

Слични содржини