Попоски: Повторно сме на врвот на светските листи по загадувањето на воздухот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Повторно сме на врвот на светските листи по загадувањето на воздухот. Ниту зимава нема да дишеме, туку ќе се гушиме. 9 луѓе умираат секој ден поради загадениот воздух во земјава. Ситуацијата е аларманта a од владата како и секоја година така и оваа ни велат проблемот не се решава набрзина“, вели денеска Дарко Попоски, портпарол на ГДУ.

„Притоа да потсетиме дека СДСМ пред да дојде на власт во предизборието ветуваше дека ќе го намали аерозагадувањето во Скопје за 50 % и во
другите места од 30 до 50 % до 2020 година. Но резултати нема. Ја прашуваме власта што сменија електричните тротинети и инвертери? Што
се случи со одредбата секој инвеститор што ќе сака да гради, да мора барем 20 % од своето земјиште да одвои за зелена површина покрај
зградата, ако сака да добие градежна дозвола?“, прашува Попоски

Слични содржини