Актуелно
Почетна / Македонија / Поради физиолошките потреби на милениците: „Анима Мунди“ бара измени на забраната за движење

Поради физиолошките потреби на милениците: „Анима Мунди“ бара измени на забраната за движење

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара допрецизирање на отстапка во рамки на изречената Забрана за движење, а која се однесува на лицата кои имаат миленици и мораат да ги изнесат надвор.Тие бараат да биде дозволено милениците да можат да ги прошетаат по 21 часот, поради физиолошки потреби на животните.


– Многу повозрасни граѓани, кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот, велат од „Анима мунди“. Од здружението информираат дека нивното барање е доставено до Владата и министерот за здравство Венко Филипче, но се уште не добиле одговор.

Од „Анима Мунди“ појаснуваат дека со Zабраната за движење се засегнати минимум 80 илјади сопственици на миленици територијаTA на Македонија кои немаат начин да го изнесат својот миленик ниту по 10 минути по временски период од 21 часа, што, пак, е неопходно тие да ги извршат физиолошки потреби.

Здружението предлага мерката да биде регулирана по пример на другите држави,како на пример Србија, Грција и Шпанија.

-Исто така бараме јавно да биде соопштено од министерот за здравство, д-р Венко Филипче дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат коронавирус (Ковид -19), како што соопштува Светската здравствена организација, со цел да се избегне создавање паника кај населението и непотребно дефокусирање од потребните мерки за справување со понатамошно ширење на вирусот, велат од „Анима Мунди“

loading...