Поради коронавирусот откажан карневалот во Венеција

од Nikola Popovski

Последните два дена од Венецијанскиот карневал, кој привлече туристи од целиот свет, се откажани проади коронавирусот, изјави гувернерот на тој регион, Венето Лука Заја.

Тој им изјавил на новинарите дека планираните настани за денес, ќе се одржат.

„Но, од вечерва,  карневалот  во Венеција, ќе биде одложен до 1 март, како и сите други настани, вклучително и во спортот“, додаде Заја.

Тој претходно објави дека во Венеција се пријавени два случаи на коронарен вирус.

Слични содржини