Поради ова ВИДЕО се шпекулира дека актерот Том Хенкс е ТЕШКО БОЛЕН

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од омилените холивудски актери, Том Хенкс, ги загрижи сите кога беше фотографиран на прошетка во Њујорк. Актерот има 65 години, а на сликите направени на Менхетен изгледал како да се „преполовил“.

Ова не е првпат јавноста да биде загрижена за оскаровецот кој не воодушеви со неговите улоги во филмовите „Филаделфија“, „Форест Гамп“, „Кодот на Да Винчи“, „Терминал“ и многу други. Том Хенкс боледува од дијабетес тип 2, за кој вели дека го добил затоа што бил „будала“.

„Бев целосен идиот, бев мрзелив и јадев погрешни работи“, рекол Хенкс во 2013 година, кога потврдил дека му била поставена дијагноза. Пред две години, тој доби потешка форма на коронавирус, но се извлече од тоа.

Хенкс не бегаше од физичките трансформации, па ослабе 25 килограми за улогата во филмот „Castaway“, додека мораше да се здебели 15 килограми за да ја оствари улогата во „A League of their own“.

На почетокот на јуни се појави видео во кое Хенкс ја поздравува публиката на премиерата на филмот „Елвис“. Додека држел говор, раката на актерот му се тресела, поради што многумина мислат дека тој има посериозна болест, но тој се уште ја крие од јавноста. Погледнете го видеото кое го прикажува тој момент.

Слични содржини