Поранешен шеф на МИ6: Трамп е закана за Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska

Потенцијалниот реизбор на поранешниот американски претседател Доналд Трамп би можел да биде „проблематичен“ за националната безбедност на Велика Британија поради неговиот став кон НАТО, предупреди поранешен шеф на разузнавачката служба МИ6, пишува „Раша Тудеј“.

Ричард Дирлав, кој беше на чело на МИ6 од 1999 до 2004 година, разговараше за потенцијалните закани за Велика Британија во 2024 година во интервју за Sky News во неделата. Тој укажа на руско-украинскиот конфликт и на „долгорочното однесување“ на Кина, пред да се префрли на претседателската трка во САД.

„Морате да ја земете предвид и политичката закана, за која сум загрижен, а тоа е реизборот на Трамп… што мислам дека е проблематично за националната безбедност на Велика Британија“, навел Дирлав.

„Ги ставивме сите наши јајца поврзани со одбраната во кошницата на НАТО. Ако Трамп е навистина сериозен за промена на рамнотежата, мислам дека американскиот нуклеарен чадор за Европа е, според мене, суштински за европската безбедност и одбрана“, додава Дирлав.

За време на неговиот престој во Белата куќа, Трамп го омаловажуваше НАТО, нарекувајќи го „застарен“ и доведувајќи ја во прашање релевантноста на блокот во современиот свет. Тој, исто така, фрли сомнеж во посветеноста на Вашингтон да ги брани своите сојузници и велеше дека другите членки на НАТО не придонесуваат доволно.

„Гледате, НАТО ја искористи нашата земја. Европските земји го искористија тоа“, изјави неодамна поранешниот претседател за Fox News.

И покрај неколкуте судски случаи против него, Трамп останува фаворит за претседателската номинација на Републиканската партија.

Слични содржини