Поранешен УФЦ борец почина на 34-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska

Канадскиот ММА борец Елиас Теодору, поранешен член на УФЦ, почина во неделата по долга борба со ракот, јавуваат американските медиуми.

Теодору имал 34 години, а според објавата на неговото семејство на Инстаграм, му бил дијагностициран рак на дебелото црево и била донесена одлука јавно да не зборува за болеста.

„Тој го прифати својот крај на ист начин како што живееше – ирационално и заразно оптимистички“, стои во официјалното соопштение на семејството на Теодору.

Во 2020 година, Теодору се најде во центарот на вниманието како прв спортист во историјата на Северна Америка што добил ослободување од властите – поради здравствени причини тогаш му било дозволено да користи марихуана и не бил предмет на контрола.

Овој борец со грчко потекло забележа 19 победи (1 поднесок, 8 КО) и 3 порази во професионалните ММА борби, а во УФЦ беше од 2014 до 2019 година и 11 пати беше во октагонот (8-3).

Слични содржини