Поранешниот украински претседател два пати спречен да ја напушти Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, од третиот обид успеа да ја помине границата со Полска, пренесува украинска „Правда“.

Порошенко отпатувал на конгресот и самитот на Европската народна партија во Ротердам, а претходните два пати бил спречен да ја напушти Украина за да учествува на состанокот на НАТО во Литванија, соопшти парламентарната фракција на неговата партија.

Утринава Порошенко му се обрати на претседателот Владимир Зеленски за да го увери дека опозицијата работи со властите за зајакнување на Украина.

Порошенко рече дека неговата цел е да ѝ помогне на Украина со статусот на кандидат за членство во ЕУ во јуни, да ја поддржи Украина во војната против Русија, да најде финансиска помош за земјата и да помогне во планот за повоена обнова.

Тој минатата недела два пати беше запрен на граничниот премин со Полска додека како член на украинската парламентарна делегација отиде на состанок на Парламентарното собрание на НАТО.

Украинските медиуми тогаш пишуваа дека Порошенко не можел да ја помине границата поради технички проблеми со дозволата што му овозможува да ја напушти земјата.

Слични содржини