ПОРОДИЛНAТА ПРИКАЗНА НА ИВАНА: Д-Р БОЈАЏИЕВ Е НАЈТРПЕЛИВИОТ И НАЈПОЗИТИВЕН ДОКТОР

од Vladimir Zorba

Малиот Даријан е втората радост во семејството Данаилови, кој дојде на свет на 26 февруари. За Ивана, бременоста била убаво и несекојдневно искуство, а за чинот на породување објаснува дека биле моменти што засекогаш ќе бидат дел од нејзините најубави спомени.

„Да го пронајдеш вистинскиот доктор, кому ќе му го довериш сопственото здравје и што е уште поважно, таков што ќе го следи развојот на твоето бебе, од почетокот на бременоста, е навистина благослов“ – објаснува нашата пациентка Ивана Данаилова, која по породувањето со својот втор син Даријан си заминува дома.

Таа во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ доаѓала на редовни контроли кај докторите кај кои наоѓала слободен термин, сѐ дури не го запознала д-р Александар Бојаџиев. Вели дека по првиот преглед кај него, стекнала целосна доверба во него, увидела со колкава посветеност и љубов ја работи својата работа. А токму тоа е она што го бара секоја жена што сака да се оствари како мајка.

„Тој со својот позитивен став, професионалност, смиреност и тоа што секогаш е достапен за пациентите ни влеа огромна доверба и смиреност. Доктор со кој треба да се гордее ‘Аџибадем Систина’. Мојот прв син Бојан го родив на 3.2.2022, а две години подоцна еве нѐ повторно со Даријан. Второто породување започна како на филм, некаде пред полноќ ми пукна воденикот, за 30 минути стигнавме во болница, на полноќ дојде докторот и веќе бевме во сала. Веќе следниот миг во рацете го држев Даријан. За целата приказна да биде магична, нашиот втор син Даријан се роди кога со сопругот прославувавме 16 години од нашата врска“ – објаснува Ивана.

Најсреќен на свет за доаѓањето на новото бебе во семејството беше Бојан, кој со нетрпение очекуваше своето братче да си го однесат дома во Штип.

„Презадоволни сме и од целиот персонал на Одделот за неонатологија. Д-р Радица Муратовска и д-р Антони Христовски се неонатолозите што се грижат за здравјето на моите дечиња. Со оваа болница нѐ врзуваат само среќни и убави моменти. Ви благодариме!“

На заминување го поздравија д-р Бојаџиев и договорија повторна средба, наскоро, но овој пат за девојче! Ги споделуваме нивните први фотографии и им благодариме за укажаната доверба да бидеме дел од нивниот најсреќен момент во животот!

Слични содржини