Потребен е одреден период за да се намалат цените на производите

од Nikola Popovski

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на премиерот, Виктор Андонов на денешната прес-конференција информира дека е потребно време за да се намалат цените на производите и услугите на малите и средни претпријатија, кои се покачени врз основа на покачувањето на цената на електричната енергија.

-Вакви прашања имаше и претходно во намалување на цените на таргетирианите сектори и таму беше потребен период од некој месец, за да стапат на сила мерките и новите цени. Имајќи предвид дека овие цени ќе стапат на сила од 1 јануари и тие компании првите сметки ќе ги добијат во текот на февруари, потребен е некој период од некој месец. Ние ќе следиме во тој период откако ќе стапи на сила новата цена. Секако Владата има механизам за следење преку надлежните инспекторати за следење на цените на услугите и доколку воочи дека трговците не ги намалуваат цените на своите производи, има механизми кои стојат на располагање за ограничување на цени те или на маржите како што е направено и претходно, истакна Андонов.

Слични содржини