Потврдено: Кинескиот балон собрал податоци за чувствителни американски бази

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот шпионски балон кој неодамна беше соборен кај американскиот брег успеал да собере разузнавачки информации за неколку чувствителни американски воени постројки и покрај напорите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да го блокира. Оваа информација за NBC ја потврдија двајца високи американски функционери и поранешен висок функционер.

„Кина го контролираше шпионскиот балон и со него успеа да прелета над неколку американски воени постројки (во неколку наврати летајќи во облик на осмица) и да ги испрати собраните информации во Пекинг во реално време“, изјавија тројца официјални лица за NBC.

Какви податоци се испратени?

Главно се работело за електронски сигнали кои можат да се откријат од некои системи на оружје или комуникација на персонал од воените бази, велат официјалните лица, додавајќи дека не станува збор за фотографии.

Тројцата официјални лица рекоа дека Кина можела да собере многу повеќе разузнавачки податоци доколку не беа напорите на американската администрација да ја наруши способноста на балонот да собира електронски сигнали и да ги испраќа назад кон Кина, наведе NBC.

Слични содржини