Повеќе од 8 милиони случаи на коронавирус се пријавени во САД од март досега

од Vladimir Zorba

Бројот на случаи со коронавирус во САД сега надмина 8 милиони од почетокот на пандемијата.

Според податоците собрани од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, од март досега во САД се регистрирани 8.008.402 случаи на коронавирус.

Земјата вчера објави 63.610 нови случаи на коронавирус, пренесува „Гардијан“, што претставува најголемо дневно зголемување од средината на август.

Здравствените експерти предупредуваат и на зголеменото ширење на вирусот на средниот запад, бидејќи времето станува постудено и се повеќе Американци остануваат во затворено.

Слични содржини