Повеќе од половина милион луѓе се заразени со коронавирус: Какви се бројките ширум светот?

од Nikola Popovski

Црн „јубилеј“ од вирусот Ковид-19.

Се започна на 1 декември во Вухан, каде избувна епидемија на коронавирусот, со која Кина се борше неколку месеци и е блиску да го победи.

Сепак, од јануари, КОВИД-19 се прошири низ целиот свет, прогласена е пандемија и сегашниот фокусен момент стана Италија, иако е критична е ситуацијата во Шпанија и во САД.

Во четвртокот попладне, официјално беше потврдено дека повеќе од половина милион луѓе се позитивни на коронавирус.

До овој момент, на 510.646 луѓе ширум светот им е дијагностициран вирусот КОВИД-19, а 23.079 починале.

Од друга страна, 122.245 позитивни се опоравиле од коронавирусот.

Според информациите од целиот свет, во моментов има 365.322 заразени пациенти, од кои 95 проценти се во лесна клиничка слика (346.784), а во критична состојба се 18.538.

Ова е моменталната состојба во најпогодените земји:

Кина: 81.255 заразени, 3,287 мртви
Италија: 80.539 заразени, 8.215 мртви
САД: 75.665 заразени, 1.100 починати
Шпанија: заразени 56.179, мртви 4.145

Слични содржини