Повлечен предлогот за притвор на еден од осомничените во случајот со барање пари од бизнисмен

од Берта Китинска

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје побара притвор за двајцата осомничени лица во случајот со барањето пари од бизнисмен со цел да се запре непостоечка истрага против него, но Обвинителството се предомислило и за еден од осомничените и го повлекло предлогот.

-Во текот на вчерашниот ден до судија на претходна постапка, при Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор за две лица заради основано сомнение за сторени кривични дела Измама од чл. 247 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, за едното лице и Лажно претставување по чл. 391 ст.1 од КЗ за другото лице.По спровод на двете лица во Кривичниот суд, на рочиштетo за одлучување по поднесениот предлог, надлежниот Јавен обвинител го повлече предлогод за едното лице и предложи поблаги мерки за обезбедување присуство.

Судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.М. му определи мерка притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, додека на В.С. му определи мерки за претпазливост и тоа одземање на патната исправа и обврска лицето повремено да се јавува пред надлежен суд, велат од Основниот кривичен суд.

Слични содржини