Повторен прекин на телефонската и интернет врска во Појасот Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Интернет-услугите и комуникациите во Појасот Газа денеска повторно се прекинати, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на две телекомуникациски компании, додека Израел продолжува со бомбардирањето и проширувањето на копнените операции во оваа палестинска енклава.

Комуникациите повеќе пати беа погодени во Газа, а извори за Си-Ен-Ен изјавија дека неодамнешните прекини на електрична енергија се најлоши од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Во денешното соопштение на платформата Х (Твитер), палестинските телекомуникации (Палтел) објавија дека има „целосен прекин на сите комуникациски и интернет услуги со Појасот Газа, поради фактот што меѓународните рути кои претходно биле обновени се повторно прекинати“.

Слични содржини