Повторно: Буфон го напушта Јувентус на крајот од сезоната!

од Vladimir Zorba

Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон денес објави дека ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, објави Би-Би-Си.

„Стигнавме до крајот на еден циклус и вистинско време е да заминам. Ова долго и прекрасно искуство со Јувентус дефинитивно ќе заврши оваа година“, рече Буфон.

Буфон со Јувентус освои 10 титули во Италија и четири титули во Купот на Италија.

„Ќе видам дали ќе престанам да играм или ќе најдам нешто што ќе ме мотивира да продолжам, некое ново искуство, ќе размислам и за тоа. Мислам дека му дадов на Јувентус сè што можев. Добив и се што можев да добијам, мислам дека не можам да барам повеќе од тоа “, рече 43-годишниот голман.

Буфон со 656 натпревари е рекордер во Серија А по бројот на одиграни мечеви во лигата.

Слични содржини