Повторно одложен стартот на судењето за случајот „Моќник“

Судењето за случајот „Моќник“, каде меѓу обвинетите е и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски повторно се одложи.

Денешното рочиште беше презакажано поради тоа што судот дури денеска го пронајде обвинетиот Вецко Здравевски.

Судот му врачи обвинение, но поради тоа што обвинетиот не бил запознаен со содржината, рочиштето беше одложено. Во „Моќник“ се обвинети вкупно 13 лица, вклучувајќи ги и Антонијо Милошоски и татко му. Пратеникот е обвинет дека влијаел за неговиот татко евтино да купи државен имот во Македонски Брод, со што наводно била нанесена штета од околу 50.000 евра. Следното рочиште е закажано за 17 февруари.

Слични содржини