Повторно се тресе тлото во Италија

од Stefanija Kuzmanovska

Повторно се тресе тлото во Италија. Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во областа на Италија и Сан Марино.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа во Јадранското Море, помеѓу Анкона и Римини.

Италијанците пишуваат дека земјотресот траел неколку секунди, но дека силно се почувствувал.

Засега нема информации за евентуални штети.

Слични содржини