Пожар во ГОБ „8-ми септември“

од Aleksandar Todeski

Две противпожарни возила со петмина пожарникари доцна вечерва гаснеле пожар во една од канцелариите во Градската општа болница „8-ми септември“.

Според информациите на Локално, во пожарот нема повредени, а причинета е материјална штета. По гаснењето се врши увид, по што ќе се знае и од што настанал пожарот.

Од Министерството за здравство кратко информираат дека била опожарена архивска просторија, како и дека причините ќе бидат познати откако надлежните институции ќе ги утврдат.

А.Т.

Слични содржини