Пожртвуваност, љубов и лажни вести во време на коронавирус

од Elena Daskalova

Социјалните мрежи, за жал, се идеална подлога за креирање и ширење лажни вести кои имаат најразлична цел – од создавање паника, па до создавање илузии за одредени теми.

Една од најсподелуваните фотографии изминатите денови е од парот полицаец и лекарка, кои зборуваат преку стакло, а додадено е и емоџи во облик на срце, за да ја зголеми драматичноста.

Секако, доза оптимизам и надеж ни се и повеќе од неопходни во овој период кога светот е погоден од пандемија, која не ја одмина ниту Македонија. Желбата да се изнудат насмевки кај пријателите и оние кои ги сакаме е повеќе од разбирлива, но дали и по секоја цена?

Од оваа вирална фотографија лесно може да се доведе некој во заблуда дека е фотографирана кај нас, бидејќи натписот полиција е напишан на кирилица, а логото на полицијата прикриено со срцето. Но, уште полесно е да се најде и оригиналот на оваа фотографија, објавен на страницата на Фејсбук на српското Министерство за внатрешни работи.

Слични содржини